-3.2 C
Скопје
03:47 - 19 февруари, 2026

Руски лекови против мамурлак: Ако претерате со пиење за Нова година, има спас

Покрај сите стереотипи за Русите во однос на вотката и исхраната, постојат и бројни кажувања за начинот на кој се справуваат со мамурлакот.

Така, следниот пат кога ќе претерате со алкохол, можеби уште вечрва, може да пробате некој од овие совети.

Кисели краставички

Најпопуларен лек за мамурлак во Русија се дефинитивно киселите краставички кои доведуваат до воспоставување на рамнотежата на натриум и вода во организмот и се вели дека мамурлакот го снемува додека трепнеш.

Кисела зелка

Киселата зелка е ризница на витамин Ц и пробиотици, со која Русите го смируваат надразнетиот дигестивен систем и го исфрлаат вишокот вода од организмот.

Јогурт

Ферментираните млечни производи помагаат во ублажување на дигестивните проблеми и позитивно делуваат на нивото на шеќер во крвта, создавајќи дополнителна енергија. Затоа се препорачува консумирање на јогурт или кефир пред да се пие алкохол за да се избегне мамурлакот.

Домати

Доматите се богати со ликопен, кој благотворно делува на надразнетиот желудник. Неколку излупени домати со малку сол или чаша сок од домати се едноставен, но многу ефикасен лек против мамурлак.

Лимон, кафе и вотка

Велат дека овој лек го измислил царот Николај, поради што денес во народот е познат како „николашка“, а постои и коктел со истото име. Се става малку мелено кафе и шеќер во прав на кришка лимон, тоа се јаде и се „залева“ со чашка вотка или ракија.

Јајца

Јајцата содржат многу аминокиселини и го помагаат исфрлањето токсини од црниот дроб. Следниот рецепт е само за навистина храбри: измешајте едно живо јајце, лажичка сол од зелен лимон, малку сол и бибер и испијте го на празен стомак. Повкусната верзија се состои од исцеден сок од еден лимон и три портокали, помешан со една жолчка и три лажици мед.

 

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....