10:11 - 6 април, 2026

Роналдо ѝ одговори на инфлуенсерката која тврдеше дека спиела со него: Кратки и јасни зборови за замолчување

Роналдо ѝ одговори на познатата венецуелска инфлуенсерка Георги Лаја, која тврди дека спиела со Португалец во хотелот во кој тој престојувал со португалската репрезентација.

Се сретнале во ходникот на хотелот, а Роналдо ѝ позирал за фотографија со инфлуенсерката. Таа тврди дека Португалецот потоа и испратил порака и ја поканил во хотелската соба.

– Мислев дека само ќе разговараме кога ја прочитав таа порака, очекував дека подобро ќе се запознаеме и можеби ќе се фотографираме. Не мислев дека во таа ситуација ќе има и секс, но факт е дека тоа се случи.

Инфлуенсерката тврди дека замалку не ѝ се распаднал бракот поради Роналдо

– Се согласив, иако се чувствував изманипулирана поради славата и моќта на Кристијано Роналдо – додава Лаја.

Овие зборови на инфлуенсерката не останаа без осговор.

Одговорот стигна од портпаролката на фудбалерот, која даде изјава за весникот Correio da Manha.

„Тие гласини се сосема неточни и клеветнички“, порача портпаролката на Роналдо.

Инаку, Лаја тврди дека се дружела со Роналдо на 25 март минатата година додека Роналдо се подготвувал за СП со Португалија. Додала дека речиси ѝ се распаднал бракот затоа што го изневерила сопругот.

Ова не е прв пат Лаја да се занимава со Роналдо. Очигледно е толку опседната со него што на Инстаграм често споделува негови фотографии.

Слични објави

Мајка ми рече дека таа девојка не е за мене: Огнен Здравковски се отвори за љубовта

msp-admin

(Фото) Цеца Ражнатовиќ во тексас стајлинг од 9.000 евра, се облекла во „Шанел“ од глава до пети

Еспресо

(Фото) Партнерката на Лазар Ристовски повторно го привлече вниманието на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 6 април: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.
Се вчитува....