03:05 - 7 април, 2026

Ријана на Супербол го ископирала настапот на Карлеуша: Јелена тврди дека „не е поентата во копирањето, туку во доказот дека сме пред нив!“

Карлеуша тврди дека Ријана го ископирала нејзиниот настап од 2017 година, кога со Аца Лукас ја извела песната „Банкина“.

– Не е поентата овде копирањето, ова е доказ дека секогаш сме пред нив. Дека можеме, ако сакаме, да не парираме туку да водиме. Ова не е прв пат, туку 101-ви пат големите богати и моќни всушност да доцнат. Тоа што сме од Србија не значи дека не можеме да ги диктираме правилата.

Таа додаде дека нејзината желба со албумот кој ќе излезе наскоро е глобално позиционирање. Јелена верува дека може да докаже дека некој од мала земја може да ја „размрда“ планетата кога е шоу-бизнисот во прашање.

– Секогаш ми велеа дека згрешив што кариерата не ја градев во Америка и на англиски јазик, дека губев години во земја која нема сила да произведе светска шоубиз ѕвезда поради јазикот, националноста и географската положба. Рекоа дека можам само да сонувам, да фантазирам, дека сум луда, ми се смееја… Никогаш не се откажав од намерата и нема.

Таа верува дека по пауза од 11 години, нејзиниот 11-ти албум по ред го носи бројот 11:11, магичен и ангелски број.

– Бројот на ангелите. Број на големи успеси, голем пресврт… 11:11… Затоа што имам ангел чувар  – заврши Карлеуша на Инстаграм.

 

 

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....