16:17 - 1 февруари, 2026

Ријана го поканила Џони Деп на својата ревија, а твитерџиите збеснаа – „изгубена е во реалноста“

Џони Деп ќе биде гостин на следното шоу за долна облека на Ријана Savage X Fenty, потврди извор за BuzzFeed.

Иако не се знае точно каква улога ќе има Деп на модната ревија, многумина веќе коментираат дека  Ријана е „изгубена во реалноста“. Тие сметаат дека и покрај судската пресуда во случајот со Амбер Херд, дамката на името на Деп се уште не е расчистена.

„Savage X Fenty е промашување, а Џони Деп е само уште еден пример за тоа колку навистина е изгубена Ријана“, изјави еден корисник на Твитер, додека фановите на Деп се радуваат на враќањето на актерот во центарот на вниманието.

„Ријана да го покани Џони Деп во своето шоу е многу чудно. Не постои ниту еден пристоен милијардер на оваа планета, а Ријана, за жал, го продолжува тој тренд“, напиша друг твитерџија.

Веста за учеството на Деп во шоуто дојде пет месеци по завршувањето на судењето во кое неговата поранешна сопруга Амбер Херд беше обвинета за клевета.

Во 2018 година, две години по разводот со Деп, Херд во коментар за Вашингтон пост напишала дека била жртва на семејно малтретирање. По шестнеделна судска битка, поротата одлучи дека Херд мора да му плати на Деп 15 милиони долари поради тврдењата дека тој физички и сексуално ја нападнал во повеќе наврати.

Модното шоу на Savage X Fenty треба да се емитува на Амазон Прајм на 9 ноември.

Слични објави

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо
Се вчитува....