15:36 - 6 април, 2026

(Видео) Ретко го гледаме во јавноста: Дарко Рундек го покажа својот синот со шест имиња – Давид Вид Димитриј Себастијан Ернест Виктор

Хрватскиот музичар Дарко Рундек ретко споделува детали од приватниот живот, но овој пат направи исклучок: на „Фејсбук“ објави видео-снимка на која се појавува неговиот син – младиот човек со дури шест имиња.

Рундек и неговата партнерка, режисерката и активистка за заштита на природата Санда Хржиќ, имаат 34-годишен син, кому му го дале името Давид Вид Димитриј Себастијан Ернест Виктор.

Семејството живее на три различни адреси: во Париз, Загреб и Павља на островот Брач, каде што поминуваат значителен дел од годината. Токму во Далмација активно учествуваат во пермакултурната заедница и локални еколошки иницијативи.

Во видеото кое Рундек го сподели, неговиот син танцува на музика, покажувајќи ја својата неформална, разиграна природа.


Давид Вид, како што стои во текстот, го наследил авантуристичкиот и уметнички дух на својот татко. Голем љубител е на патувањата, а во 2016 година го реализирал својот најголем подвиг – го препловил Атлантскиот океан.

Рундек секогаш отворено ја поддржувал неговата љубопитност и желба за нови искуства.

„Не нè праша за дозвола. А мене мојот татко ми рече: ‘Научи занает, а потоа биди свој.’ Тој го научи својот занает и ја исполни последната обврска кон нас. Научи сѐ и сешто – работа со метал, пермакултура, готвење, музика, жонглирање… патува и учи. Кога ќе се чуеме, прво ми кажува што ново научил“, изјави Рундек во една претходна прилика.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....