11:22 - 5 декември, 2025

Репортери без граници – убиени се 1.668 новинари од 2003 година досега

Во периодот од 2003 до 2022 година во светот се убиени 1.668 новинари, во просек по 80 годишно, покажуваат податоците кои денеска ги објави организацијата Репортери без граници (РСФ).

Во извештјот се посочува дека најопасни земји за новинарите понатаму се Мексико (125 убиени новинари), Филипините (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78)

Најцрни години биле 2012 со 144 убиени новинари и 2013 година кога се убиени 142 новинари, главно во конфликтите во Сирија. Во 2019 доаѓа своевидно „затишје“, додава здружението за заштита на слободата на медиумите, но бројот на убиени повторно почнува да расте во 2022 поради војната во Украина.

Годинава се убиени 58 новинари, а претходната 51. Од почетокот на војната во Украина осум новинари се водат како исчезнати. Во таа земја во претходните 19 години се убиени 12 новинари и е втората најопасна земја во Европа за новинарите, зад Русија во која во последните 20 години се убиени 25 новинари.

Со осум убиени новинари Франција е на четвртото најопасно место во Европа, зад Турција, по нападот на редакцијата на магазинот Шарли ебдо во Париз во 2015.

На глобално ниво во последните 20 години повеќе новинари се убиени во мирни зони отколку во воени области, а нивните убиства се поврзани со истраги за организиран криминал и корупција. речиси половина новинари убиени во 2022 година се на американскиот континент, а најопасни земји се Мексико, Бразил, Колумбија и Хондурас.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....