08:51 - 13 ноември, 2026

Рекорден интерес за настапот на Дејвид Гета во Скопје – распродадени сите 50.000 влезници за концертот

Целиот капацитет на арената „Тодор Проески“ е распродаден за помалку од 12 часа за концертот на француската музичка ѕвезда Дејвид Гета, кој на 8 септември ќе настапи во Скопје по повод 35 години од независноста на Македонија.

Од „Авалон продукција“ соопштија дека биле продадени сите 50.000 влезници, а интересот за настанот бил далеку поголем од очекуваниот.

Според организаторите, повеќе од 250.000 луѓе, голем дел во ист момент, се приклучиле на платформата avalonbooking.mk, што предизвикало потешкотии при логирањето и купувањето билети кај дел од корисниците.

„Побарувачката евидентно го надмина капацитетот и бројот на достапни влезници“, велат од „Авалон“.

Организаторите најавија дека сите што успешно резервирале место за концертот ќе ги добијат своите ПДФ-влезници најдоцна до 17 мај, бидејќи во тек е процесирањето на 50.000 билети.

Интересно е што најголемиот дел од влезниците завршиле кај домашната публика. Според статистиката што ја објавија организаторите, 93 проценти од билетите се продадени на корисници од Македонија, а само 7 проценти на посетители од странство.

Билетите за концертот чинеа симболични 35 денари, во чест на 35-годишнината од независноста. Тоа значи дека од продажбата на 50.000 билети биле собрани нешто помалку од 30.000 евра.

Фото: Инстаграм

Останатиот дел од трошоците за организацијата на спектаклот ќе се покрива од државниот буџет, но Владата сè уште не открива колку вкупно ќе чини прославата.

Иако концертот беше официјално најавен на заедничка прес-конференција на Владата и „Авалон продукција“, досега не се објавени детали за финансиската конструкција, ниту има јавен оглас за организација на настанот, како што беше пракса во претходните години.

Од Владата претходно порачаа дека подготвуваат „достојно, репрезентативно и современо“ одбележување на Денот на независноста, со настан од меѓународен карактер и продукција „од највисоко ниво“.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....