12:49 - 3 април, 2026

Рејтингот на кралот Чарлс III вртоглаво расте во периодот на десетдневната жалост за кралицата

Во Велика Британија е забележано зголемување на рејтингот на поддршка на кралот Чарлс III.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, 63% од испитаниците веруваат дека Чарлс III ќе биде добар монарх, покажува истражувањето спроведено од истражувачкиот сервис YouGov.

Во мај вакво мислење имале само 32 отсто од испитаниците.

„Рејтингот на Чарлс вртоглаво порасна. Ова не е изненадувачки. Мислам дека во последно време многу го гледавме кралот и тој дозволи народот да сподели емоции со него“, рече специјалистот за кралско семејство Емили Ендрјус на ТВ Толк.

Така, се претпоставува дека порастот на популарноста на новиот монарх се должи на неговата работа во јавноста по смртта на неговата мајка.

Сепак, рејтингот се нарекува нестабилен, бидејќи стилот на владеењето на Чарлс III ќе се разликува од начинот на Елизабета II.

Слични објави

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо
Се вчитува....