4.8 C
Скопје
01:50 - 5 октомври, 2026

Ранливост и вечна потрага по љубов: Северина емотивно за Мерилин Монро

Регионалната поп-ѕвезда Северина сподели емотивна женска приказн, инспирирана од Мерилин Монро.

Северина уште еднаш покажа дека уметноста и модата одат рака под рака. Таа присуствуваше на свеченото отворање на најновата изложба на истакнатиот црногорски и хрватски сликар Димитрије Поповиќ. Оваа ексклузивна поставка е посветена на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на безвременската Мерилин Монро.

На фотографиите на Инсатграм, пејачката позира во елегантен бел костим покрај едно од впечатливите дела на Поповиќ, кое ја прикажува легендарната холивудска актерка.

Северина ги сподели своите емоции и размислувања за култната актерка, нагласувајќи дека некои жени едноставно никогаш не заминуваат, туку остануваат да живеат низ кадрите, песните и сеќавањата на генерациите.

„Имав прилика да ја доживеам изложбата на Димитрије Поповиќ посветена на 100-годишнина од раѓањето на Мерилин Монро — жена која беше многу повеќе од симбол на убавината. Зад насмевката која го освои светот, се криеја нежност, ранливост, сила и вечна потрага по љубов и припадност“, напиша Северина.

Фото: Инстаграм

Таа додаде дека секое дело на уметникот открива нов слој од приказната на Мерилин, потсетувајќи нè дека големите икони всушност биле луѓе од крв и месо, со свои сопствени соништа, стравови и копнежи.

Врската помеѓу Северина и Димитрије Поповиќ е долгогодишна и длабока. Музичката ѕвезда во неколку наврати низ годините му беше директна инспирација и модел на уметникот за неговите циклуси во кои ги портретираше библиските и историските женски ликови како Салома и Марија Магдалена.

„И самата имав среќа да му бидам модел на Димитрије, среќа што и на тој начин ќе останам забележана — ако не со ова со што се занимавам, тогаш барем во сликарството“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....