5.8 C
Скопје
06:13 - 1 април, 2026

Радост во семејството на Џон Леџенд и Криси Тајген: „Каков благословен ден“

Музичарот Џон Леџенд и неговата сопруга, манекенката Криси Тајген, станаа родители по трет пат. Пејачот убавата вест ја споделил за време на концерт.

Утрото во петокот, на 13 јануари, Џон Леџенд и Криси Тајген го дочекаа своето трето дете.

„Каков благословен ден“, рече музичарот од сцената за време на концертот таа вечер.

Леџенд им  призна на фановите дека поминал многу време во болница, не спиел доволно, но и покрај тоа „чувствува наплив на енергија“.

Во август минатата година, Криси Тајген ја објави веста за својата бременост неколку години по спонтаниот абортус – искуство кое го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Новороденчето е трето детенце на манекенката и нејзиниот сопруг, музичарот Џон Леџенд. Двојката има и други две деца, 6-годишната Луна и 4-годишниот Мајлс. И двете се зачнати со ин витро оплодување.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....