7.8 C
Скопје
19:44 - 31 март, 2026

Раде Шербеџија со концерт во Филхармонија на 23 јануари

Раде Шербеџија, заедно со својот бенд „Западни колодвор“, доаѓа во Скопје на 23 јануари 2026 година, на концерт во Филхармонија, кој носи вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања.

Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот, поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички настапи – тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата, носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина.

Специјални гости на концертот ќе бидат групата „Скопје Виа“, со кои Раде Шербеџија неодамна ја сними песната „Кога умира љубовта“. Токму оваа песна премиерно ќе биде изведена во живо на овој концерт во Филхармонија.

На репертоарот ќе бидат песни што го одбележале неговиот музички опус, но и стихови од големи поети, кои ги интерпретира на нему својствен, ненаметлив и длабоко емотивен начин.

Репертоарот опфаќа авторски композиции, балади, шансони, песни за сите генерации, како и неизбежни моменти на импровизација и спонтан дијалог со публиката.

Комерцијален текст.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....