8.8 C
Скопје
12:02 - 1 април, 2026

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Рада Манојловиќ

Српската пејачка Рада Манојловиќ јавно го покажала својот автомобил „БМВ“ серија 2, со кој се почастила пред две години. Сега е откриено колку пари платила за него.

Иако станува збор за половен автомобил чија вредност се проценува на околу 15.000 евра, овој избор доаѓа откако пејачката претходно возела полуксузни модели како што се „ренџ ровер“ и „мерцедес“, пренесува српски „Телеграф“.

Манојловиќ признала дека некогаш била мета на критики поради автомобилот што го возела, и, како што тврдела, дури и работниците на бензинската пумпа ѝ се смееле, а кога купила нов, полуксузен автомобил, повторно предизвикала негативни коментари.

– Ми се потсмеваа луѓето. Јас девет години возев автомобил „пежо 207“. И тоа луѓето што работат на бензинска пумпа, во продавница… Застанувам да наполнам гориво и ми велат: „Па, сè уште го возиш тој велосипет“. Колку пати ми рекле на царина: „Па, ти сè уште не си го сменила автомобилот“ – рекла Рада и додала:

– Извинете, ве молам, зошто би менувала автомобил што никогаш не ми застанал среде улица и кој ме носи од точка А до точка Б сосема регуларно? Но, не изгледа како што треба.

Манојловиќ, по неколку години живеење како потстанар, купила стан на Вождовац за кој платила околу 250.000 евра.

Имено, Рада неодамна потврди дека конечно купила свој стан. Пејачката купила стан во нова зграда во Вождовац, чија изградба е завршена пред пет години.

Станот има 70 квадратни метри, дневна соба и две спални соби, а чинел 3.500 евра за квадратен метар. Околу зградата има бројни продавници, па пејачката има сè што ѝ треба во близина.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....