15:23 - 5 декември, 2025

Рачно напишаниот тестамент на Арета Френклин пронајден во кауч, валиден е: Синовите испокарани, а вредноста на имотот падна на само 4 милиони

По пет години рочишта, судот во Мичиген го прогласи за валиден тестаментот пронајден скриен во каучот во домот на Арета Френклин.

Легендарната пејачка почина во 2018 година на 76-годишна возраст од рак на панкреас. Френклин не била мажена и немала тестамент во моментот на нејзината смрт.

Документот што предизвика спор е датиран од 2014 година и бил пронајден во мај 2019 година во нејзиниот дом, а го пронашла нејзината внука Сабрина Овенс.

Првиот документ кој наводно ги содржи нејзините последни желби бил пронајден претходно истата година во нејзината работна соба, но бил датиран од 2010 година.

Судот на Мичиген вели дека документите со „чкртаници“ и тешко читливи пасуси може да се третираат како валидни.

Рачно напишаните документи од самата пејачка беа презентирани на оставинскиот судски процес во Мичиген и ги повикаа блиските роднини на Френлин да учествуваат во исполнување на желбите на славната пејачка околу распределба на нејзиниот вреден имот, а се  забележува дека ниту еден од документите не бил подготвен од адвокат.

Според АП, документот од 2014 година фаворизира двајца од нејзините четири сина како управители на нејзиниот имот: Кекалф Френклин и Едвард Френклин. Таа, исто така, ја оставила нејзината куќа во Блумфилд Хилс во наследство на синот Кекалф и неговите деца.

Отсуството на тестамент ги сврте три од нејзините четири сина еден против друг. Нејзиниот најстар син Кларенс е лице со посебни потреби и живее во специјална установа, па затоа не бил вклучен во спорот за имотот.

Тед Вајт Џуниор, нејзиниот трет најмлад син, кој свиреше гитара за време на настапите на пејачката, тврдеше дека документот од 2010 година што беше пронајден во заклучениот кабинет (работна соба на пејачката) треба да се фаворизира пред оној што е најден скриен  во каучот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aretha Franklin (@arethafranklin)

Имотот на легендарната пејачка, кој некогаш беше проценет на околу 80 милиони долари по шестдецениска кариера во музиката, сега наводно вреди само 4 милиони долари.

Според АП, последниот менаџер на пејачката Рејналд Тарнер, изготвил сметководствени документи во кои тврди дека имотот имал приход од 3,9 милиони долари во последната фискална година, со сличен износ на расход вклучително и околу 900.000 долари трошоци за правни такси. Средствата наведени од Тарнер се состоеле од готовина и недвижен имот.

Важно е да се напомене дека нејзините креативни дела и интелектуална сопственост беа потценети на 1 долар. Исто така, се забележува дека морало да се плати данок на имотот во висина од 8 милиони долари на УЈП поради неплатени долгови.

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....