07:31 - 6 април, 2026

Работеше во кујна за да преживее: Уште една приказна од животот на Панчо

За да преживее во текот на ковид-пандемијата, Панчо од „ДНК“ работеше во кујна во еден скопски локал.

Во тоа време, музичарите не настапуваа, а Панчо најде начин како да се избори во тешкиот период за нив.

По обука од две недели, Панчо во тој период работеше во пицерија во неговата населба како пица-мајстор.

– Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и да се заблагодарам на тимот што ме вработи и ми даде можност да го „испечам” занаетот за пица-мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи – сподели тогаш Панчо.

Панчо тогаш го пофали и својот колега Огнен Здравковски кој работи како продавач во истиот локал и рече дека и тој одлично се снаоѓа.

Панчо и колегата Огнен Здравковски во пицеријаат во која работеа во 2020 Фото/ Фејсбук

– Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме, јас побарав работа и ми понудија зашто навистина ми треба финансисика помош, и ете ме обучуваа две недели за правење пици – рече Панчо и додаде дека работи со скратено работно време,.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....