4.8 C
Скопје
00:21 - 14 март, 2026

Путин e подготвен да ѝ објави „тотална војна“ на Украина на 9 мај: Руските трупи кон Донбас

9 мај е датумот избран од Владимир Путин да ѝ објави „тотална војна“ на Украина, оставајќи ја настрана реториката за „специјалната воена операција“.

Инвазијата на Украина може да биде забрзана од руска страна, според британските гласини дека Владимир Путин е подготвен да објави „тотална војна“ на 9 мај. Датумот се совпаѓа со годишнината  на Денот на победата во Русија, кој го слави предавањето на нацистичка Германија, и е избран од Кремљ за да ја објави промената на темпото во однос на „специјалната воена операција“. Москва, според украински воени извори, преместува војници од далечниот исток на Русија во Украина, со цел повторно да ја засили офанзивата во Донбас.

Објавувањето на воена состојба ќе му овозможи на Кремљ да мобилизира воена помош од сојузниците и да се заложи за поддршка од руските граѓани.

Денот на победата, оваа година, ќе се трансформира во „Z Day“, од буквата Z нацртана на руските тенкови и ќе стане симбол на поддршка за инвазијата и владата на Путин.

Одлуката на Путин е поврзана и со незадоволството што се проширило во руските вооружени сили, фрустрирани од неефикасноста на кампањата во постигнувањето на стратешките цели на она што требало да биде блицкриг (молскавична војна).

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....