10:11 - 4 април, 2026

Првата дама на САД Џил Бајден ќе се појави на сцената на „Греми“ во сосема нова улога

Првата дама на САД, Џил Бајден ќе доделува музички награди „Греми“, објави Белата куќа.

Водител на „Греми“ наградите годинава е комичарот Тревор Ноа. Свеченоста ќе се одржи в понеделник на 6 февруари, рано наутро по македонско време.

На списокот на доделувачи на наградите, освен првата дама  се и раперката Карди Би, поп-ѕвездата Оливија Родриго, глумците Двејн Џонсон, Вајола Дејвис, Били Кристал, како и комичарот Џејмс Корден и канадската уметничка Шанаја Твејн.

Бајден не е единствената прва дама што досега се појавила на доделувањето на престижните „Греми“ награди. И поранешната прва дама Мишел Обама беше на таа сцена во 2019 година, а година подоцна освои „Греми“ за албум cо аудиоговор, за нејзините аудиомемоари „Becoming“.

Хилари Клинтон доби „Греми“ во 1997 година како прва дама, за нејзината книга „It Takes a Village“.

Номинациите за неделните Греми награди беа објавени во ноември.

Најмногу номинации има Бијонсе – вкупно девет, со што се изедначи со својот сопруг, раперот Џеј Зи, за најноминирани уметници на сите времиња

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....