5.8 C
Скопје
00:51 - 1 април, 2026

Прва кралица сопруга по Елизабета Прва: На крунисувањето на Чарлс ќе биде крунисана и Камила Паркер

Крунисување на кралот Чарлс Трети ќе се одржи во сабота, на 6 мај 2023 година, во Вестминстерската опатија. На церемонијата заедно со кралот ќе биде крунисана и кралицата сопруга, беше објавено на официјалниот твитер-профил на кралското семејство откако од Бакингемската палата стигна соопштение за крунисувањето, во кое се наведува дека „кралицата ќе биде крунисана заедно со кралот, на слична, но поедноставна церемонија“.

Кралицата сопруга, Камила Паркер Боулс ќе биде помазана и крунисана на свечена церемонија која, според Бакингемската палата, ќе биде комбинација на старото (традиционално) и модерното, за да се покаже дека владеењето на Чарлс Трети ќе биде „вкоренето во долгогодишната традиција“, но и дека ќе ја одразува улогата на монархот денес и ќе гледа кон иднината.

Последната кралица сопруга, која била крунисана заедно со кралот Џорџ Шести во 1937 година, е кралицата мајка, Елизабета Прва. Надбискупот од Кентербери на церемонијата ѝ ја помазал главата со свето масло, на раката ѝ го ставил прстенот на кралицата и ѝ врачил жезол и стап од слонова коска. Потоа кралицата мајка му се поклонила на својот сопруг.

Кралот Чарлс на крунисувањето ќе има 74 години и ќе стане најстариот монарх што бил крунисан. Тој датум е и роденден на неговиот внук Арчи, син на принцот Хари и Меган Маркл.

Крунисувањата се одржуваат во Вестминстерската опатија во Лондон повеќе од 900 години и тоа е „мешавина од религиозна и уставна симболика“, а со помазанието, благословувањето и осветувањето на кралот Чарлс ќе чиноначалствува надбискупот од Кентербери. Се очекуваше дека новиот британски крал ќе биде крунисан малку подоцна, на почетокот на јуни, бидејќи кралицата Елизабета Втора официјално е крунисана на 2 јуни 1953 година.

Според традицијата, кога Чарлс Трети ќе седне на престолот, во рацете ќе ги држи жезолот и стапот, кои ја претставуваат неговата уставна контрола врз нацијата, како и кралската топка, која го претставува христијанскиот свет.

Откако ќе биде помазан со масло, благословен и осветен, на главата ќе му биде ставена круната на свети Едвард, со што официјално ќе стане крал.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....