5.8 C
Скопје
05:14 - 19 март, 2026

Против Канје Вест е поднесена уште една тужба: Каква врска има Бјанка Ценсори?

Програмерите на апликацијата за сервисот за стриминг YZYVSN тврдат дека Канје и неговиот бизнис менаџер Јанопулос ги измамиле, ги принудиле да работат прекувремено и создале непријателска средина во тимот.

47-годишниот американски рапер Канје Вест се соочува со уште една неволја. Тој и неговиот бизнис менаџер, Мајло Јанопулос, се тужени од тим програмери во Окружниот суд во САД, обвинувајќи ги за „присилна работа и сурово, нечовечко или понижувачко постапување“, пишува TMZ.

Според осумте вработени, вклучително и малолетници, од различни земји ангажирани да развијат апликација за услугата за стриминг YZYVSN, каде што музичарот планирал да ги прикачи албумите „Vultures“ и „Vultures 2“, Вест и Јанопулос ги принудувале да работат прекувремено и ги исмејувал и на расна основа.

Поплаките започнаа оваа пролет кога Канје почна да работи на YZYVSN. Наводно, Мајло му ветил на тимот за развој 120.000 долари доколку ја комплетираат апликацијата, се согласат со условите и не се пожалат. Но, раперот тогаш наводно им наредил на сите вработени да потпишат сосема други договории им се заканил дека ќе ги отпушти малолетниците доколку не го сторат тоа.

На 1 мај, тимот наводно финализирал една од апликациите и ја испратил на Вест. Но, тој, наводно, не ги платил, што ги натерало да поднесат тужба со барање за отштета за неисплатени плати и прекувремена работа, како за и емоционална вознемиреност.

Според информациите во документите, работодавците барале од малолетниците да потпишуваат „волонтерски“ договори. Белците- менаџери тогаш создале непријателска работна средина бидејќи имало црнци вработени во тимот за развој. Тие биле насочени кон членовите на тимот врз основа на нивната возраст, раса, пол, сексуална ориентација и национално потекло. Некои од нив биле наречени „робови“, а други „нови робови“.

Во тужбата има уште еден интересен факт. Во него се наведува дека кога уметникот објавил дека започнува бизнис со филмови за возрасни, неговата сопруга Бјанка Ценсори наводно им испратила на вработената врска со хардкор порнографија која била достапна за малолетниците кои работат на проектот. Сепак, таа не е именувана како обвинета во тужбата.

Обвинетите се уште немаат одговорено на објавените информации.

Потсетуваме дека претходно Вест беше тужен од неговата поранешна помошничка, која го обвинува за сексуално вознемирување.

Слични објави

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.

Откриено што рекол во обвинителството: Сослушан менаџерот на Здравко Чолиќ поради бомбата фрлена врз куќата на пејачот

Еспресо
Се вчитува....