08:17 - 7 април, 2026

Проектили попладнево паднале во Полска, има загинати

Два проектила паднале на територијата на Полска, пренесува „Раша тудеј“.

Полскиот премиер свика итен состанок на владиниот Комитет за безбедност и одбрана, објави неговиот портпарол.

Полските медиуми објавија дека две лица загинале попладнево откако проектил погодил област каде се суши жито во Пжеводов – полско село во близина на границата со Украина.

„Причините за овој инцидент во моментов не се познати“, изјави портпаролот на локалната противпожарна служба, постариот капетан Марцин Лебиедович за „Радио Лублин“.

Тој потврди дека имало жртви и рече дека добиле „извештај за експлозија“.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер, исто така, ги повика медиумите и јавноста „да не објавуваат непотврдени информации“.

АП објави, цитирајќи висок претставник на американското разузнавање, дека руски проектили паднале во Полска, при што загинале две лица. Мулер не ги коментираше извештаите, само го нарече инцидентот „кризна ситуација“.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....