15:38 - 3 април, 2026

Пристигнува ВТОРАТА СЕЗОНА на „Сексот и градот“, гледачите се прашуваат: Зошто воопшто има втората сезона?

HBO Max пред два дена објави дека „И едноставно така…“ е подготвена за втората сезона.

„Воодушевен сум и возбуден што можам да раскажам повеќе приказни за овие живи, храбри ликови кои ги играат неверојатни актерки. Факт е дека сите сме воодушевени“, изјави извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг.

Но, не се баш сите воодушевени. Прилично голем дел од гледачите се прашуваат зошто воопшто има втората сезона кога првата беше лоша.

„Ова е едноставно лошо. Сценариото е ужасно, хемијата меѓу актерите е поинаква отколку во оригиналот, како само да кажуваат реченици кога ќе им дојде редот. Мислам дека тоа покажува колку е лошо сценариото. Обидот да се воведе инклузивност е ужасно изработен. Се е некако исфорсирано, ликовите се како карикатури, а интеракцијата меѓу нив е смешна и предизвикува нелагодност“, напиша еден гледач.

„И едноставно така…“ ја доживеа истата судбина како многу продолжени серијали. Го нема сјајот на „Сексот и градот“. Жените се предизвикуваа, мажите беа секси, акцијата беше возбудлива, а досетките духовити. Сега сè е досадно, во духот на сегашната ера кога мора се да биде безбедно или ќе ве запалат на клада “, смета друг.

„Ниту сенка од тоа што беше“, додава трет.

„Ужасно и депресивно“, е уште еден коментар на разочаран гледач, кој продолжува, „Сценаристите целосно ја уништиле магијата на оригиналот. Не бев љубител на филмовите, но тие беа добри во споредба со ова. Отсуството на Саманта навистина ја нарушува динамиката. Некои серии не треба да се обновуваат”.

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....