8.8 C
Скопје
11:48 - 20 февруари, 2026

Принцот Вилијам ги „запира“ Хари и кралот Чарлс да се помират: Шокантни тврдења на пријателка на кралицата

меган маркл, принц хари

Принцот Хари едвај ги гледа своите роднини. Дури и кога го посетил Лондон, тој не можел да се сретне со својот татко болен од рак или со постариот брат.

Принцот Вилијам ги „спречува“ принцот Хари и кралот Чарлс III да се помират, тврди пријателката на кралицата Камила. За ова пишува Дејли Телеграф.

Принцот од Велс, наводно, не сака неговиот помал брат и татко да се согласуваат.

Новинарката Петронела Вајат, пријателка на кралицата Камила од нејзината 18-та година, го обвини идниот монарх дека не сака да склучи мир со Хари.

Вајат рече дека еден „поранешен вработен во палатата“, кој работел со децата на покојната принцеза Дијана, ѝ рекол: „Постои заблуда во јавноста за Вилијам и Хари. Вилијам е тој кој често бил тежок, а не Хари, и Вилијам е тој што го спречува неговиот татко да се помири со Хари“.

Принцот Хари станува се пооддалечен од неговото семејство откако тој и сопругата Меган Маркл се откажаа од кралските должности и се преселија во САД во 2020 година.

Војводата од Сасекс не видел ниту еден од членовите на неговото семејство кога бил во Лондон на почетокот на мај 2024 година за да ја прослави 10-годишнината од Игрите Инвиктус.

Хари последен пат го видел својот татко во февруари, кога заминал во Велика Британија откако дознал за ракот на кралот. Меѓутоа, средбата била многу кратка, а потоа војводата дури и преноќил во хотел, а не во една од неговите многубројни резиденции.

Во меѓувреме, друг извор тврди дека заладените односи меѓу британскиот крал и неговиот помлад наследник е токму поради скандалозните мемоари на вториот и неговиот лош однос кон кралицата Камила.

„Тој го принуди Чарлс да направи избор, што беше многу глупаво бидејќи тој и Камила се избраа еден со друг многу одамна“, рече изворот.

 

Слични објави

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 февруари: Избегнувајте импулсивни трошоци

apostolova

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.
Се вчитува....