8.8 C
Скопје
16:20 - 28 март, 2026

Принцот Хари се согласи на спогодба: Британските таблоиди мора да му платат милионска отштета

Помладиот син на британскиот крал Чарлс стана првиот член на тоа кралско семејство во последните 130 години што се појави на суд.

Принцот Хари се согласи на спогодба во тужбата против издавачот „Мирор груп њуспепјперс“ (Mirror Group Newspapers) за хакирање телефони и други незаконски активности, откако издавачот се согласи да плати отштета и правни такси.

Високиот суд во декември пресуди дека Хари бил жртва на незаконско собирање информации.

Новинари од таблоидите „Дејли мирор“, „Сандеј мирор“ и „Сандеј Пипл“ му го хакирале телефонот, а уредниците знаеле за тоа.

Но, таа пресуда разгледа само 33 од 148-те точки на кои Хари се пожали.

Помладиот син на британскиот крал Чарлс, стана првиот член на тоа кралско семејство по 130 години што се појави на суд, и тој првично требаше да добие 140.600 фунти.

Судијата во декември заклучи дека МГЊ хакирала и со измама добивала информации од 1996 до 2011 година, дури и додека постоела јавна истрага за неправилност.

Дејвид Шерборн, адвокатот на принцот Хари, рече дека МГЊ сега ќе плати повеќе од два милиони фунти за покривање на направените правни трошоци, како и 400.000 фунти за индивидуалните трошоци на принцот.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо
Се вчитува....