0.8 C
Скопје
04:36 - 20 март, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл подготвуваат изненадување за кралското семејство

По напуштањето на кралското семејство, принцот Хари и Меган Маркл изградија империја во светот на шоу-бизнисот, а често нагласуваат дека се занимаваат и со добротворна работа.

Моментално актуелна е нивната документарна серија на Нетфликс и мемоарите на Хари, кои сигурно ќе предизвикаат големо внимание. Токму тоа е проблемот за кој принцот и Меган се многу загрижени, па сакаат да променат некои работи за да не го налутат кралското семејство.

Како што објасни дописничката на кралската куќа Кејти Никол за „Vanity Fair“, тие мора да внимаваат какви ставови ќе искажуваат за нив во идните проекти.

-Хари и Меган се свесни дека ако направат или кажат нешто што може да се смета за нечувствително кон семејството на Хари, тогаш ризикуваат да бидат целосно отсечени. Во семејството има чувство дека веќе се на тенок мраз и мора внимателно да газат, открил извор во разговор со Никол.

Парот одлучи да го ублажи досегашното однесување и содржината на документарната серија на Нетфликс бидејќи го сакаат таткото на принцот, кралот Чарлс Трети, на нивна страна.

-Хари знае дека неговиот татко може да биде прилично немилосрден ако треба. Чарлс нема да толерира некој член од неговото семејство да го извалка угледот на круната, рече изворот.

Инаку, американските медиуми неодамна објавија дека Меган и Хари имаат несогласувања со Нетфликс, па дури и со нивниот продуцентски поради нивната документарна серија. Како што напиша „Page Six“, парот одлучил дека сака да повлече некои работи што претходно сакале да ги прикажат и тоа предизвикало проблеми.

Меган и Хари сакаат да направат промени во серијата по смртта на кралицата Елизабета Втора бидејќи откриле различни информации за кралот Чарлс Трети, кралицата Камила, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, кои сигурно ќе кренат прашина, а можеби ќе предизвикаат и скандал во јавноста.

Слични објави

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Еспресо

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо
Се вчитува....