7.8 C
Скопје
20:30 - 1 април, 2026

Принцот Алберт зборуваше за враќањето на Шарлин во Монако: „Ова беше вистински тест за нашиот брак“

Откако беше потврдено дека принцезата Шарлин се заразила со коронавирус, принцот Алберт зборуваше за нејзиното враќање дома, велејќи дека тоа е „најдоброто нешто што можело да се случи“.

Тој за Journal de Dimanche изјави дека неговата сопруга „многу страдала“, а потоа додаде дека нејзиното отсуство од речиси една година предизвикало многу здравствени проблеми и дека тоа бил вистински тест за нивниот брак, како и за децата, принцот Жак и принцезата Габриел.

Нејзиното враќање во Монако Алберт го опиша како „најдоброто нешто што можеше да се случи“, а потоа додаде дека минатата година и настаните во неа биле „голем тест, особено за неговата сопруга која многу страдаше и помина низ тешки работи, далеку од нејзиното семејство“.

„Многу ни недостигаше принцезата и лошите гласини само не повредија. Но, успеавме да опстанеме заедно, и покрај далечината, бидејќи често разговаравме. Денес Шарлин е повторно со нас и тоа е најдоброто нешто што можеше да се случи. Таа е подобра и конечно можеме да поминеме време заедно. Тоа е вистинско олеснување, но и среќа за сите нас“.

Извори од палатата за тамошните медиуми потврдија дека симптомите на коронавирусот кај принцезата Шарлин се исклучително благи, а со оглед на тоа што била тестирана и била позитивна на вирусот, таа е во самоизолација.

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....