01:05 - 2 април, 2026

Принц Хари тврди дека Вилијам и Кејт го наместиле за скандалот со нацистичката униформа

Во своите мемоари, принцот Хари тврди дека Вилијам и Кејт се виновни за скандалот во 2005 година кога тој се појавил на забава за Ноќта на вештерките во нацистичка униформа.

Извор за британскиот портал Пејџ сикс споделил нови детали за содржината на книгата на принцот Хари „Spare“, која ќе биде објавена на 10 јануари.

Во едно од поглавјата, војводата од Сасекс пишува за костимот за Ноќта на вештерките, велејќи дека сакал да избира помеѓу пилотска и нацистичка униформа, а за втората (нацистичката) всушност го одлучиле самите Вилијам и Кејт Мидлтон.

Објаснува дека тие „завиваа од смеење“ кога го виделе во нацистичка униформа.

„Ги прашав Вили и Кејт што мислат. Тие рекоа, недвосмислено, нацистичка униформа“, пишува Хари во книгата.

Станува збор за скандалот кој изби откако во 2005 година весникот The Sun на насловната страница објави фотографија од принцот Хари облечен како нацистички војник. Војводата од Сасекс подоцна го нарече инцидентот со костимот една од најголемите грешки во неговиот живот.

Издавач пак, кој ги прочитал мемоарите на Хари изјавил за Пејџ сикс: „Чудно е што Хари едноставно не сака да преземе одговорност за ова и го обвинува Вилијам за овој скандал“.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....