3.8 C
Скопје
05:08 - 17 март, 2026

Пријателството на Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац на стаклени нозе: „Не почитувам дволичност и лигавење“

Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац со години важеа за блиски пријателки. Често се слушаа приватно, разменуваа совети и си даваа поддршка, особено како мајки.

Но, нивната блискост деновиве е доведена во прашање, откако Беквалац во едно интервју изјави дека Карлеуша „многу ја повредила“. Веста брзо одекна, а Карлеуша веднаш реагираше на својот профил на Фејсбук.

Во долгата објава, Карлеуша остро ѝ се обрати на Наташа.

„Доста со глупости. Јас тебе да те повредам? Гледав изјава дека сум те повредила ‘многу’, а ти дури и не кажа со што?! Еве те прашувам јавно: со што, Ната? Навистина би сакала да знам. Знаеш многу добро дека за тебе сум била тука и во добро и во лошо — и јавно и приватно. А како ми врати? Од јануари немам добиено ниту една приватна порака од тебе, додека гледаше како ме линчуваат на концертите и по мрежите! Да беше обратно, прва ќе те одбранев. Но ние две не сме исти. Јас не поднесувам лигавост и лицемерие. Кај мене е се‘ од чисто, големо срце. И ти тоа го знаеш. Затоа најдобро е да се покриеш со тие стајлинзи што ме копираш и да престанеш со брукање. Не го руши она малку почит што ти остана во овие грди времиња“, напиша Карлеуша.

Од другата страна, Наташа Беквалац во својата исповед зборува многу помирно, но искрено признава дека била длабоко повредена.

„Имавме убав, приватен контакт — не професионален. Се поврзавме како мајки. Во еден тежок период ми помогна со контакти, а разговорите ни беа најмногу за децата. Секогаш ми делуваше поддржувачки. До неодамна“, изјави Наташа.

На прашањето што го прекинало нивното пријателство, рече само: „Мене сето тоа ми е некако безвезе и непотребно“.

Новинарите ја прашаа дали би ѝ се јавила или поздравила ако ја види.

„Не знам… реагирам во моментот. На сите можам да кажам ‘здраво’, но во принцип — ме повреди многу“, искрено призна Беквалац.

Таа додаде дека, иако минала низ многу потешки ситуации во животот, оваа болка ја почувствувала интимно: „Не ме убила, но еден дел — да. Многу ме повреди. Интимно се почувствував… Не знам. Навистина ме повреди“.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....