19.8 C
Скопје
15:01 - 11 март, 2026

Пријател на Жарко Лаушевиќ ги откри деталите од неговата битка со болеста: „Раочаран сум од медицината“

Актерот Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст откако ја загуби битката со кратка, но многу тешка болест.

По веста за неговата смрт, многу актери се простија од Жарко Лаушевиќ преку социјалните мрежи. Од сите страни се слеваа пораки на тага и сеќавања за неговата личност и дело. Еден од неговите долгогодишни пријатели и негов адвокат Владан Бојиќ откри детали за последниот период од животот на актерот и неговата борба со болеста.

– Цело време бев во контакт со неговата сестра и лекарите. Знаев дека има мали шанси да се извлече. Но, завчера ме избезуми таа сурова, горчлива реалност. Жарко ми го замени единстевниот брат кој го имав. Срѓан почина на денешен ден, во Москва, 16 ноември. За два дена ги изгубив двајцата браќа – Срѓан и Жарко – изјави Бојиќ, долгогодишен пријател и адвокат на актерот Жарко Лаушевиќ.

Последниот пат кога го посетил, Жарко му рекол: „Разочаран сум од медицината“. Ова го потсетило Бојиќ на 2007 година, кога со истото убедување му рекол: „Разочаран сум од законот“.

– Тој беше, според мене, оправдано разочаран. Жарко се обидуваше со различни алтернативни методи да си помогне за своето дравје. Беше многу среќен што косата не му падна. На последното појавување на сцената делуваше гордо, иако беше свесен дека работите не одат добро. Ми испрати слика и прашање: „Како ти изгледам?“. Му одговорив: „Ми изгледаш како што си ми изгледал отсекогаш. Вистински!“ После тоа до пред некој ден комунициравме само преку смс пораки – изјави за српски „Новости“ адвокатот Владан Бојиќ.

Слични објави

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin
Се вчитува....