4.8 C
Скопје
21:50 - 20 февруари, 2026

На Ламбе Алабаковски му се погоди „Оган да го гори“, ќе ја пее во проектот „Македонијо во срце те носиме“

Дванаесет македонски изведувачи од забавната и фолк естрадата, поискусни и помлади ќе препеат дел од македонските патриотски песни кои се дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Преработките на песните ќе ги работи композиторот Николче Мицевски. Прва песна која ќе биде објавена е песната „Оган да го гори“ во изведба на Ламбе Алабаковски, за која присутните на денешната прес-конференција коментираа дека навистина му е погодена со насловот.

Носител на проектот „Македонијо во срце те носиме“ е продукцијата „Скендеровски“, а целта е да ги возобнови најубавите македонски патриотски композиции, да го продолжи нивниот век и да ги приближи до новите генерации, токму во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво и песни во кои се крие вистината на нашата земја.

Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски пејачи од забавната и народната музика.

Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова.

Тие ќе ги пејат преубавите македонски песни „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име“ и други.

Слични објави

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....