13:47 - 18 ноември, 2026

„Кроација рекордс“ и „Фрајле“ во битка за авторските права, девојките веруваат во правдата и сами ќе се бранат

Новосадската женска група „Фрајле“  е во големи проблеми – прво со поранешната менаџерка Лидија Самарџија за името на групата, а потоа и со „Кроација рекордс“ поради барањето за авторски права, пишуваат српските медиуми.

Според хрватските медиуми во септември, на суд во Загреб, ќе се одржи првото рочиште меѓу „Фрајле“ и „Кроација рекордс“. Тие самите ќе се застапуваат на суд, за разлика од спротивната страна, која има многу адвокати.

Од ПР-службата на „Фрејле“ за српските медиуми велат дека судските случаи против „Цепелин медиа Загреб“ и „Кроација рекордс“ се само дел од борбата на групата „Фрајле“ за враќање на правата кои незаконски им беа одземени и во кои вложуваа со години и емоции и пари.

Со оглед на 14-годишната успешна кариера, девојките од „Фрајле“ ќе докажат дека само чесната работа е единствениот правилен пат по кој ќе продолжат да чекорат. Но, сепак, од „Кроација рекордс“ не одговориле на нивното прашање: „А, зошто ги тужите ‘Фрајле?“, пишуваат медиумите.

Слични објави

Животната приказна на Светлана Цеца Бојковиќ: Славната актерка храбро ја следеше љубовта и им пркосеше на тогашните општествени норми

E.A.

Омилениот прилог за домашниот ручек — рецепт за кремасто пире со путер и млеко

К.С.

Емина Јаховиќ првпат проговори за скандалот со сопругата на Мустафа и наводната проневера на 200 милиони долари: „Тој нема никаква врска со тоа“

Еспресо

Халид Муслимовиќ со трогателно сеќавање за Халид Бешлиќ и Шабан Шаулиќ: „Лекарот ми рече дека сè можело да се спречи на време, но тоа е судбина“

E.A.

Кеба го коментираше случајот со синот на Вељко Ражнатовиќ: „Секој има право на свое мислење, но тој исправно размислува“

E.A.

Хороскоп за 18 ноември: Скорпии, ќе бидете незадоволни од деловните резултати

Еспресо
Се вчитува....