10.8 C
Скопје
18:47 - 12 март, 2026

Познатата српска пејачка се огласи по тешката операција во Турција: Едвај чекам да излезам од…

Пејачката Марија Микиќ беше оперирана во Турција неколку дена пред Велигден, кога емотивно ѝ се обрати на јавноста поради тагата што ја чувствуваше што не е со своите деца.

Марија извади три цисти од гласните жици, а сега објави на својот инстаграм-профил каде откри што едвај чекала да направи.

Имено, пејачката објави видео од својата хотелска соба пред да полета за Белград, а во таа прилика призна дека едвај чекала да се нашминка и да се подготви по неколку дена поминати во болнички пижами.

– Не можам да ви објаснам колку едвај чекав да излезам од пижамите и од болничката атмосфера и да се нашминкам и да се дотерувам за себе. Каква операција? Кој по ѓаволите? Јас? – напиша Марија.

Во семејниот дом ја чекале нејзините деца, а на интернет го покажала букетот со лалиња кои ги добила на подарок, како и чоколадните колачиња во стаклен сад.

Колешката Емина Јаховиќ ѝ помогна на пејачката да се оперира во Турција, на која ѝ е најблагодарна.

– Кога би можела со мегафон да му кажам на целиот свет каква личност е таа кон мене. Забавната индустрија искрено никогаш не ми била змиска јама, а ни јас не сум се соочила со тоа, фала Богу. Претпоставувам дека начинот на кој се однесуваш со луѓето е начинот на кој тие се однесуваат кон тебе. Навистина сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги кои беа покрај мене во овој тежок период, без разлика дали тоа беше добар збор или можеби совет, или препорака. Се испостави дека докторот Исмаил е познаник на Емина и се организиравме многу брзо – искрена беше пејачката.

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....