02:31 - 2 април, 2026

Позната руска мисица на списокот на убиените во терористичкиот напад во Москва: „Беше најубавата, најљубезната личност…“

Меѓу загинатите во терористичкиот напад во Москва е и позната руска манекенка и добитничката на титулата „Мис Твер 2001“ Екатерина Новоселова (42), извести за РИА Новости екс-директорката на агнцијата за модели Шарм, Олга Даргевич, која го организирала овој натпревар во 2001 година.

Претходно, руското Министерство за вонредни ситуации објави прелиминарен список на загинатите во салата Крокус заклучно со 17.00 часот, на списокот имало 13 имиња, меѓу кои и Екатерина Новоселова.

Според неа, информации за ова првично се појавиле во медиумите. „И пишав на мајката на Катја, реков, или новинарите пишуваат нешто погрешно, или е некоја грешка, дали се е во ред со Катја? Таа ми напиша само два збора дека Катја умрела“, рече соговорниката.

Како што објаснила Даргевич, Екатерина претходно живеела во Твер, била водителка на емисии а учествувала и на различни натпревари за убавина, не само во регионот туку и во други земји. Убавицата завршила универзитет, по што работела во банка, а потоа се преселила во Москва.

Телеграм канал/Риа Новости

„Таа има две прекрасни деца – момче и девојче. Многу паметна, многу љубезна девојка…Таа беше најљубезната личност. Шокирани сме, сè уште не можеме да веруваме дека се случи таква трагедија“ – рече Даргевич.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....