6.8 C
Скопје
01:03 - 12 февруари, 2026

Позната е здравствената состојба на Ана Бекута: „Таа е борец, останува позитивна“

Instagram

Кога не се појави на снимањето на првата и втората емисија на „Ѕвезде Гранда“, многумина помислија дека Ана Бекута ја прекинала нејзината соработка со Гранд. Но, бидејќи тоа беше демантирано од Саша Поповиќ со зборовите дека пејачката ќе се врати, фановите на пејачката се загрижија за нејзината здравствена состојба, бидејќи никој не даде подетално објаснување за нејзиното отсуство од снимањата на популарната музичка емисија.

Недолго потоа се појави информација дека Ана е оперирана во Виена.

– Не сакам да споделувам со медиумите за што се работи, но ситуацијата не е наивна. Ана има сериозни здравствени проблеми. Пред три недели итно беше оперирана во Австрија и се бори за своето здравје – изјави за српски „Скандал“ пријател на фолк ѕвездата.

Како што истакна, здравствениот проблем го открила случајно, но навреме. Операцијата била неизбежна и била извршена во Виена.

– Ана за среќа секогаш е позитивна. Блиските пријатели знаат со што се соочува и каков борец е. Сигурни сме дека ќе излезе победник од оваа битка – заклучи соговорничката, додавајќи дека Бекута на редовните обврски ќе им се врати дури на крајот на мај.

Не е потврдено дали пејачката навистина била оперирана, но она што е сигурно е дека Ана се чувствува добро, а доказ за тоа е нејзината објава на Инстаграм. Имено, пејачката на Инстаграм-стори со своите следбеници сподели реклама со која го најавува нејзиниот следен настап, кој ќе се одржи утре, по повод 8 март.

Детали за разводот на Харис Џиновиќ и Мелина: „Ако не сака да биде со мене, нема ни јас да бидам со неа“

Слични објави

Јована Јеремиќ откри колку е висока и тешка: Не излегува од теретана

Е.А.

„Сите ја коментираат сличноста“: Еве што ги поврзува Теа Таировиќ и настапот на Бед Бани на Супербоул

Е.А.

(Фото) Најубавиот Србин: Поранешниот на Наташа Беквалац се соблече и ги залуде сите!

Еспресо

Џина Џиновиќ ги покажа стомачните мускули: Еве како ја одржува совршената линија

Е.А.

Наташа Беквалац ништо не прави за џабе: На сестра ѝ и наплатила една услуга 1.000 динари

Е.А.

8.000 евра за насмевка, 2.500 евра за усни, 7.000 евра за нос… Дара Бубамара вложила вртоглава сума во својата убавина, а за бујните гради платила баснословен износ

Еспресо
Се вчитува....