4.8 C
Скопје
02:23 - 4 октомври, 2026

Позадината на откажувањето на концертот на Тејлор Свифт: Млад Македонец неодамна се приклучил на исламистите, планирал напад со друг симпатизер на ИД

Илјадници обожаватели беа очајни откако организаторите на концертот потврдија дека настапот на светски познатата американска пејачка Тејлор Свифт нема да се одржи, поради планираниот терористички напад. Австриските медиуми дознаа за што точно се работи, откако во средата наутро во Долна Австрија беа уапсени две лица.

Како што дознава Хеуте, веста за апсењата во Терниц кај Нојнкирхен станала позната дури вечерта, околу 22 часот, кога и официјално бил откажан концертот. Утрото целата населба беше опколена, а десетици жители од безбедносни причини мораа да ги напуштат домовите. Дека операцијата е поврзана со концертот на Тејлор Свифт потврдија и генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф и началникот на виенската полиција Герхард Пурстл.

Во рамките на акцијата за апсење, извршен е претрес на куќата на 19-годишниот маж кој е уапсен, при што се одземени одредени предмети, како и пронајдените „хемиски материи“. Момчето наводно работело за хемиска компанија, а наводно е од Македонија. Според неофицијални информации, неколку недели претходно се заколнал на лојалност на терористичката организација Исламска држава (ИД), а соседите за медиумите изјавиле дека неодамна забележале промена во однесувањето на младиот човек.

Своите планови за терористички напад наводно ги споделил со друг симпатизер на ИД преку смс пораки, а полицијата заклучила дека токму на концертот можел да биде изнеден нападот, според неговите пребарувања. Дотичниот 17-годишник истиот ден бил уапсен во Виена, но засега не се знае како точно бил вмешан во целиот план. Наводно е вклучен и трет млад човек, но тој моментално е во бегство.

Едниот со потекло од Македонија: Уапсени двајца екстремисти, планирале терористички напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена

Слични објави

(Фото) Српски таблоид ја „погреба“ Биља Крстиќ, таа потресена се огласи: „Жива сум, срам да ви е!“

Еспресо

Игор Којиќ се жени за згодната Хрватка – во тајност се спрема голема прослава

Еспресо

(Фото) Прооде ќерката на Александра Пријовиќ: Малата Арија храбро чекори, гордата баба сподели фотографии од дома

Еспресо

Пак ли ова ќе ни биде последено: Камиказа реагираше на коментарите пред концертот на „Меморија“

Еспресо

На денешен ден нè напушти Љупка Димитровска — за само два месеца ги загубила сопругот, сестрата и мајката

apostolova

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка: Зошто го комплицираме она што може да биде едноставно?

Еспресо
Се вчитува....