5.8 C
Скопје
05:39 - 1 април, 2026

Повеќе од 600 РУСКИ НАУЧНИЦИ со отворено писмо за инвазијата над УКРАИНА: Нема наука без соработка со други земји

Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари нареди напад од копно, воздух и вода над Украина. Инвазијата следеше по повеќемесечна напнатост додека Русија собираше околу 200.000 војници на границата со Украина.

Повеќе од 600 руски научници потпишаа отворено писмо во кое ја критикуваат руската инвазија на Украина, пренесува WioNews.com

Писмото доаѓа откако и други европски универзитети и научни академии испратија пораки со поддршка за украинските колеги.

Во писмото објавено на интернет страницата trv-science.ru, руските научници ја опишуваат војната со Украина како бесмислена. Посочуваат дека многумина од нив имаат роднини, пријатели и колеги во Украина, наведуваат дека нападот е предавство на претходните генерации Руси и Украинци кои се бореа рамо до рамо во текот на Втората светска војна.

Сметаат дека инвазијата ќе ја изолира Русија, со што нормалната научна работа во таа земја ќе биде невозможна.

„Спроведувањето научни истражувања е незамисливо без целосна соработка со колеги од други земји. Изолацијата на Русија од светот значи понатамошна културна и технолошка деградација на нашата земја во целосно отсуство на позитивни изгледи“, стои во писмото

Научниците повикуваат итно запирање на воените операции во Украина и бараат почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....