14:58 - 13 ноември, 2026

Потресна приказна: Што се крие зад песната која ја пее Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ остави многумина без текст кога ја изведе прочуената песна „Сачувај тајну љубави моја“ на пејачот Душко Костиќ.

Песната е создадена на 13 мај 1996, но пејачот одлучи да изврши самоубиство, скокајќи од мост.

Телото на пејачот никогаш не е пронајдено, а на местото на трагедијата се пронајдени неговите лични документи.

Само неколку дена по самоубиството на пејачот, на адресата на сопругата на Душан, Невенка, но и на родителите на Душан пристигнало кратко писмо.

– Многу ве сакам, простете ми – пишувало, а на пликот немало ниту потпис ниту печат.

– Во целиот случај има многу нелогичности. Единствениот сведок на наводното самоубиство не е сигурен дека тоа е Душко. Тој изјавил дека видел само човек како скока. А тој дел е обвиен со многу тајни. Торбата и документите биле целосно суви, а неговото тело никогаш не било пронајдено – изјавила тогаш Невенка, пренесуваа српските медиуми.

-Ако се согласив да зборувам за Душко, веројатно ќе ме бркаше оваа жена со која живееше пред исчезнувањето. Не би имала мир. Најмногу се плашам за моите ќерки, разберете ме – рече своевремено госпоѓата Вукадиновиќ, наводно сигурна дека „тука не се чисти работите“.

Единствениот кој го видел овој скок бил вработениот во ЖТП, Саша Вељковиќ, кој во полиција изјавил дека не е сигурен дека човекот кој се самоуби тој ден е всушност пејачот.

Бидејќи телото никогаш не беше пронајдено, приказни низ градот почнале да кружат.

Според првата верзија, тој бил убиен, а самоубиството било исценирано.

Се зборуваше дека пејачот бил во депресија кога се самоубил бидејќи наводно не можел да ја врати старата слава.
Има и трета верзија, во која Душко наводно ја исценирал за да се ослободи од огромните долгови.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....