18:36 - 31 јануари, 2026

Потресна исповед на Сека Алексиќ: „Мајка ми има лузни на лицето од ударите на татко ми, се бањавме кај комшиката“

Пејачката Сека Алексиќ израснала во сиромаштија, а како мала била сведок на семејно насилство од нејзиниот татко врз нејзината мајка, и сето тоа предизвикало големи трауми кај неа.

-Татко ми сега почина и беше добар човек, но има работи што се случија и што не можат да се избришат. Јас му простив сè. Тој сакаше да пие и можеше да даде сѐ што ќе заработи на деца кои немаат, да ги почести сите луѓе. Стануваше љубоморен и поради тоа имаше проблеми со мајка ми, таа најмногу страдаше, јадеше ќотек. Имаше ситуации кога јас и брат ми ги разделувавме, таа сега има лузни на лицето од тој период. Се разведе поради тоа и ја разбирам, никој не треба да поминува низ тоа. После тоа, татко ми замина на работа во странство и пет-шест години не се слушнавме – вели таа.

-Пораснав со мојот очув Милан, кого многу го сакам и кој нè гледаше како свои деца. Работеше на дневница за да ми заработи за месечен автобуски билет, за да одам на училиште – изјави Сека во емисијата „Преживеани“ на К1.

инстаграм

Кога имала шест години, побегнале од Зворник и се преселиле во Бања Ковиљача, каде што се запишала на училиште.

– Живеевме многу тешко, во сместување за бегалци, а потоа отидовме да живееме во стара училишна зграда. Немавме бања, се капевме кај комшиката. Дојдовме буквално само со облеката на нас, без ништо друго – рече Сека Алексиќ и додаде:

-Децата беа брутални кон мене. Ме исмејуваа за говорот, за искинатите чевли, зашто носев иста маица. Беше страшно сурово, плачев со денови, но не сакав ништо да и кажам на мајка ми, бидејќи не сакав да ја влошам нејзината и онака многу тешка ситуација. Особено кога дознаа дека мајка ми е муслиманка, имав секакви малтретирања. Ме туркаа, ме плукаа, ми ја кинеа маицата, но тоа ми помогна во животот. Им благодарам на сите што беа такви кон мене, зашто денес немаше да бидам тоа што сум.

Мајка ѝ не сакала Сека да пее, но таа имала огромна желба за тоа. Една многу непријатна ситуација ѝ донела промени на тој план.

-Мајка ми не ми дозволуваше да пеам, побегнав од дома, а очувот ми помогна да си ги остварам соништата. Почнав да пеам на 14 години и тајно одев на забави, тој ми помагаше да го сокријам тоа од мајка ми. Но, таа дозна и еднаш се појави во клубот, а јас се скаменив кога ја видов и ми падна микрофонот. Кога ѝ објаснив дека тоа е мојот сон и ѝ покажав дека само за таа вечер заработив пет пати повеќе отколку што таа заработува за дневница од утро до вечер, малку попушти. Од таа заработка купивме замрзнувач, и така почна сѐ – раскажа Сека Алексиќ во споменатата емисија.

Слични објави

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova
Се вчитува....