8.8 C
Скопје
11:44 - 1 април, 2026

Питер Џон Босе по долго време се врати во Македонија, ова е неговата приказна

Питер Џон Босе по долго време се врати во Македонија, а пејачот кој ја испеа „Самба во Штип“ и е по потекло од Холандија, има интересна животна приказна.

Питер Џон Босе пак ја испеа „Самба во Штип“ токму во Штип, на фестивалот „Макефест“, кој прослави 40- годишен јубилеј, и беше облечен доста интересно, а публиката во салата се израдува на неговиот камбек.

Во една прилика,  на ТВ Сител, за животот на Питер Џон Босе раскажа Трајче Манев.

– Еден од луѓето со коишто се имам најмногу дружено е Питер Џон Босе, но тој пред неколку години замина за Бугарија и таму остана“, рече Трајче за Питер.

Џон Босе кој е по потекло од Амстердам, по стекнатата слава во земјава, кон крајот на осумдесеттите години, сними повеќе песни, а имаше и други настапи на ,,Макфест”, но популарноста на ,,Самба во Штип” не му се повтори.

Тој работел како музички продуцент и туристички водич во Белград, и дошол во Охрид водејќи група туристи од Холандија“, објави Викимедија.

Во земјава остана околу 30 години, а потоа пред десеттина години се преселил во Бугарија, каде започнал да живее на селски имот во близина на Стара Загора и се занимавал со изнајмување на апартмани.

Фото/Инстаграм

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....