-1.2 C
Скопје
09:01 - 23 декември, 2024

ПОСТОТ ЗАВРШУВА УТРЕ: Внимавајте да не му приредите холестеролски шок на организмот!

храна

За време и по божиќните празници, луѓето се склони да претеруваат со внесот на храната, а последиците од ваквата исхрана веројатно нема веднаш да станат видливи.

Посната храна е здрава, поволно влијае на кардиоваскуларниот систем, ги прочистува крвните садови, го намалува лошиот холестерол, полесно се вари. Покрај тоа, посната храна вклучува намирници богати со целулоза и оние кои го детоксицираат телото.

Во македонската православна традиција постојат неколку големи постови годишно. Постот бара специфична исхрана, така што намирниците што редовно ги консумираме, во текот на постот не ги консумираме. Станува збор за храната од животинско потекло, месото, месните преработени производи, млекото, млечните производи, мастите од животински потекло и јајцата.

НАСКОРО ЗАВРШУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: Што се случува со нашето тело и ум?

Постепено преоѓање од посна на мрсна храна

Кај луѓето што постат, преминот од посна на мрсна исхрана треба да биде постепен. По престанувањето на постот, важно е да се прибегне кон воведување на сите вообичаени намирници во исхраната. По повеќенеделниот пост, најчесто доаѓа до прекумерно внесување на мрсна храна, што никако не може да биде добро за организмот, а особено за дигестивниот систем. Многу е важно веднаш да не се „фрлите“ на огромни количини храна, особено не на мрсната храна и разните теста, слатки, колачи. Важно е да знаете како да јадете по постот, за да не предизвикате стомачни проблеми, нагло скокање на нивоата на холестеролот, оптоварување на желудникот… Основата на исхраната на постот се житарките, овошјето, зеленчукот, рибата и растителните маснотии. Тоа практично значи, дека во текот на постот организмот навикнал на храна која најчесто е помалку мрсна, помалку зачинета и полесно сварлива или она што често го нарекуваме „полесна“ храна.

месо протеин
фото: unsplash

Здравствени проблеми поради прејадувањето

Со завршувањето на големиот пост и големиот празник, обрнете внимание исхраната по постењето да не ви нанесе здравствени штети кои ќе ги поништат здравствените користи од постот.

За време на празниците, луѓето се склони да претеруваат со внесот на храната, а последиците од ваквата исхрана веројатно нема веднаш да станат видливи, бидејќи потребно е да внесеме околу 3.500 калории повеќе за да ја зголемиме телесната маса приближно 450 грама.

Меѓутоа, најмалку 40 отсто од вишокот калории доаѓаат од маснотиите, кои ги оштетуваат артериите и се таложат во масното ткиво, нагласуваат лекарите.

Гастроентеролозите предупредуваат дека луѓето обично по постот паѓаат во стапица на преобилно прејадување, бидејќи сето она од што се откажувале во текот на постот сакаат да го надоместат во деновите по постењето, а тоа може да направи проблем. Тие велат дека зад болките во стомакот, подуеноста, интезивираните гасови, лошото варење, често можат да се кријат посериозни заболувања како што се камен во жолчното ќесе, акутен напад на панкреасот, болки и напад на желудникот, па понекогаш дури и инфаркт на миокардот.

Наглото внесување на животински масти може да предизвика холестеролски шок. Луѓето ризикуваат зголемување на нивото на холестерол и шеќерот во крвта што, пак, може да испровоцира мозочен или срцев удар. Ова особено се однесува за луѓето кои веќе имаат заболување на крвните садови.

Наглото консумирање храна од животинско потекло и во големи количини по постењето, може да предизвика надуеност, отеченост или болки во стомакот, мачнина, силни гасови, но и други последици. Умерената исхрана е начин да се избегнат овие здравствени проблеми, поради кои граѓаните понекогаш бараат медицинска помош.

„СУВ“ ЈАНУАРИ: 10 ефикасни начин да го отфрлите алкохолот барем на еден месец!

Адаптирање од лесна во тешка храна

Во текот на адаптирањето, треба да консумирате храна која организмот може лесно да ја свари и која е богата со хранливи материи. Постепено се воведуваат и посложените јадења. На почетокот се препорачува да се воведе младо сирење во исхраната, потоа јогурт, кисело млеко и кефир. Потоа доаѓаат на ред другите млечни производи, а потоа и месото (попосните меса, како пилешко, мисиркино, телешко). Бидете скромни и кога се во прашање велигденските јајца: во текот на и по велигденските празници, знаеме да претераме со нивното јадење. И не заборавајте, и понатаму во вашата исхрана треба да биде застепено доволно количество овошје, зеленчук и житарки како и во текот на постот.

Обидете се, исто така, да ја задржите навиката на користење риба во исхраната, и тоа барем двапати неделно. Освен што ќе биде корисно за вашето здравје, ќе го олесни и периодот на адаптирање на помрсна храна.

Особено е важно и количински да не претерувате.

И по завршувањето на постот треба да се почитуваат неколку важни правила што се однесуваат на исхраната.

Јаглехидратите земајте ги од различните видови зеленчук и житарки. Мастите од нерафинираните билни масла. Количеството на прости шеќери (слатки) треба колку што е можно да се редуцира. Овошјето нека биде ваш прв избор кога ќе посакате да се засладите. Не заборавајте на водата и незасладените чаеви и природни сокови, а консумирањето алкохол треба да е умерено.

Од начинот на исхраната која личноста ја има пред започнување на постот, здравствената состојба и возраста, ќе зависи и времетраењето на периодот на прилагодување на новиот начин на исхрана со преминување на посната храна.

(РЕЦЕПТ) НАПИТОК: За ослободување од надуеност

 

Слични објави

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо
Се вчитува....