05:30 - 23 октомври, 2026

Постигната спогодба меѓу Алек Болдвин и семејството на убиена Халина: Сите ние веруваме дека смртта на Халина беше страшна несреќа

Холивудскиот актер Алек Болдвин и продуцентите на филмот „’Рѓа“ се договориле со семејството на Халина Хачинс, која беше убиена откако Болдвин пукал од реквизит.

Договорот што чека одобрување од судот, беше објавен вчера. Според спогодбата, снимањето на филмот „Рѓа“ ќе продолжи во јануари со првичниот режисер на филмот, Џоел Соуза, а Метју Хачинс, сопругот на починатата Халина, ќе биде извршен продуцент.

– Постигнавме спогодба, што сега треба судот да ја одобри, за нашиот случај со несаканата смрт, против продуцентите на „’Рѓа“. Како дел од оваа спогодба, нашиот случај ќе биде повлечен. Снимањето, кое сега јас ќе го продуцирам, ќе продолжи со сите првични „главни играчи“ во јануари 2023 година – изјави Метју.

Во изјавата што ја објави „Дедлајн“, Метју Хачинс вели дека ќе ја преземе улогата на извршен продуцент и дека сите оригинални актери ќе бидат вклучени во продолжението на снимањето, што, како што истакна, ќе биде „оддавање почест“ на последното дело на неговата покојна сопруга.

„Низ овој тежок процес, сите ја задржаа специфичната желба да го направат она што е најдобро за синот на Халина. Благодарни сме на сите што придонесоа за решавање на оваа трагична и болна ситуација“, рече адвокатот на Алек Болдвин, Лук Никас од Квин Емануел, во соопштението.

Тој нагласи дека нема интерес да продолжи со обвинувања и припишување вина на продуцентите и Болдвин.

– Сите ние веруваме дека смртта на Халина беше страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната индустрија се здружија да му оддадеме почит на последното дело на Халина, заклучи Метју.

И Алек Болдвин ја потврди веста за спогодбата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Слични објави

„Комшилук“ освои европска награда за „Травијата во три чина“

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац во бело од глава до пети – позираше во корсет со необичен крој и панталони што ја издолжуваат силуетата

Еспресо

Се огласи Весна Змијанац по тајната венчавка на Николија и Реља – пејачката беше преплавена од емоции

Еспресо

Рада Манојловиќ првпат проговори за гласините дека купила стан и автомобил

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов ја гризе Ивана Кнез за стапалото: „Животот е поубав од филм, ако умееш да го живееш“

К.С.

(Видео) Објавена снимка од тајната венчавка на Николијa и Реља: Заводливо танцуваа, а пејачката блескаше во елегантна венчаница

apostolova
Се вчитува....