5.8 C
Скопје
03:29 - 1 април, 2026

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс и нејзиниот татко ги здружија силите – пишуваат заедничка книга!

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн е коавтор, и таткото на Бритни, Џејми Спирс како коавтори подготвуваат заедничка книга на тема татковство.

Според Пејџ сикс, Кевин Федерлајн (44) и Џејми Спирс (70) „повторно разговараат еден со друг“ по напнат период во нивната релација. Но сега се и чекор понапред во здружувањето на силите – кога таткото на Бритни Спирс дознал дека поранешниот сопруг на неговата ќерка ќе напише книга за неговото татковско искуство, тој љубезно се согласил да помогне.

Во септември 2019 година, Кевин Федерлајн покрена судска забрана за приближување на Џејми Спирс до неговите внуци, откако таткото на неговата поранешна сопруга, наводно, го малтретирал неговиот син Престон. Според судскиот налог, Џејми Спирс три години не можел да комуницира со своите внуци.

„Навистина, навистина ми недостасуваат моите две момчиња. Бевме многу, многу блиски. Беа тешки три години без нив“, рече Џејми Спирс во своето прво интервју дадено по 10 години.

Во февруари 2022 година, новинарите на Page Six дознаа дека Бритни Спирс пишува свои мемоари. Оваа година книга издаде и нејзината сестра Џејми Лин Спирс. А сега се очекува и книгата на здружените Кевин и Џејми.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....