7.8 C
Скопје
19:51 - 31 март, 2026

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Анамарија Голтес, поранешната свршеница на Лука Дончиќ, поднела барање за алиментација за нивните две деца. По ова, и самиот Дончиќ се огласи и порача дека секогаш ќе се бори да биде со своите ќерки.

Барањето било поднесено на почетокот на неделава во Лос Анџелес.

Во документите не е наведена точната причина за барањето, но повеќепати е нагласено дека таа не бара старателство над децата. Лука Дончиќ потврди дека тој и Анамарија раскинале:

„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и правам сè што можам тие да бидат со мене во САД за време на сезоната. За жал, тоа не беше возможно, па неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам свршувачката. Сè што правам е за среќата на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им овозможам најдобар можен живот“.

Поранешниот пар има две ќерки, едната е родена во ноември 2023 година, а другата во декември 2025 година.

Тие се запознале во Хрватска уште како деца, а во врска биле од 2016 година. Се свршиле во 2023 година и настојувале нивната врска да ја држат подалеку од очите на јавноста, па затоа веста за раскинувањето изненади многу нивни фанови.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....