-2.2 C
Скопје
23:00 - 21 ноември, 2024

Поранешната девојка на Метју Пери открива нови шокантни детали за смртта на актерот и тврди: „Повеќе луѓе се вмешани“

Трагичната смрт на ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери во октомври 2023 година ги остави фановите ширум светот со скршени срца.

Во моментот на неговата смрт, 54-годишниот актер беше пронајден со лицето надолу во неговото топло џакузи, а официјалната причина за смртта беше наведена како случајно предозирање со кетамин.

Сепак, поранешната девојка и поранешна асистентка на Пери, Кејти Едвардс, сега излезе со нови детали кои сугерираат дека целата приказна можеби е многу посложена.

Во ексклузивното интервју за The Mirror US, Едвардс откри вознемирувачки информации за животот на актерот, смртта и вознемирувачката мрежа на поединци за кои таа тврди дека придонеле за неговиот пад односно смрт.

Според Едвардс, Пери долго време бил врзан со група лекари и медицински професионалци кои го снабдувале со лекови, вклучително и со кетамин, под сомнителни околности.

Таа сподели дека употребата на дрога на Пери ескалирала со текот на годините, а застрашувачката исповед од пет збора изречени токму од устата на Пери ја опишува улогата што медицинските професионалци ја одиграле во неговата смрт: „Јас сум „внатре“ со лекарите“.

Едвардс укажа на загрижувачкиот недостиг на истрага за историјата на Пери со различни лекари, повикувајќи ги властите да погледнат подлабоко во улогите што ги одиграле овие медицински професионалци.

„Има уште толку лекари кои биле на неговата листа во текот на годините и кои ќе бидат преплашени токму сега“, рече таа.

Едвардс, исто така, ја сподели својата шокираност за тоа колку лесно Пери можел да добие големи количини на лекови, при што лекарите не биле загрижени за последиците. „Тоа е скандал“, отворено изјави таа.

Едвардс тврди дека дури и откако Пери продолжил да користи кетамин за да се справи со депресијата, неговата зависност од овие лекари останала непроменета.

Откритијата на Кејти доаѓаат откако пет лица, меѓу кои и двајца лекари, беа уапсени во врска со смртта на Пери.

Д-р Салвадор Пласенсија и д-р Марк Чавез, заедно со асистентот на Пери, Кенет Ивамаса, се обвинети за различни точки поврзани со нелегалната дистрибуција на кетамин.

Но, Едвардс верува дека многу повеќе поединци треба да одговараат за нивната улога во овозможувањето на зависноста на Пери.

Едвардс се наврати и на своето време работејќи за Пери и сподели вознемирувачки спомени од неговата тешка зависност.

Таа ја опишала својата ужаснатост кога била сведок дека Пери консумирал до 60 апчиња Викодин дневно и раскажа разговор кој го водела со Пери, каде што тој објаснил како ги набавил лековите: „Јас се дружам со лекарите“.

Бидејќи  зависноста на Пери излегла од контрола, Едвардс на крајот решила да се повлече, не можејќи да издржи да го гледа како полека тоне.

„Не можев да го гледам како умира“, рече таа, објаснувајќи како морала да ја напушти улогата на негов асистент за сопствен мир. Сепак, таа секогаш се плашела дека неговата зависност ќе доведе до трагичен исход.

И покрај нејзиното заминување, Едвардс останала блиска со Пери и го убедувала да побара лекување повеќепати. Но, таа признава и дека неговата битка со дрогата била постојана борба која изгледала невозможно да се победи.

Во деновите пред неговата смрт, Пери, наводно, повеќепати бил инјектиран со дрога од страна на оние од неговиот близок круг, нешто што Едвардс го сметала за длабоко вознемирувачко.

„Кога слушнав дека му дозволил на својот асистент да му инјектира дрога, тоа едноставно не можев да разберам“, рече таа, додавајќи дека Пери отсекогаш бил преплашени од игли.

 

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....