13.8 C
Скопје
13:51 - 26 октомври, 2026

„Една година“: Џенифер Анистон со трогателна порака во спомен на Метју Пери

Американската актерка Џенифер Анистон, која е позната по серијата „Пријатели“, објави архивски фотографии со својот покоен колега Метју Пери.

Вчера, 28 октомври, беше годишнина од неговата смрт. Затоа, Анистон реши да го испочитува споменот на пријателот, објавувајќи порака на Инстаграм.

„Една година“, напиша актерката и додаде емотикони во вид на гулаб и преврзано срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година. Неговото тело беше пронајдено во џакузи во дворот на куќата. Имаше само 54 години.

Подоцна се покажа дека долги години се борел со зависност од дрога. А причина за смртта, според резултатите од судско-медицинскиот преглед, е „акутно дејство на кетамин“ врз телото. Летото оваа година, службениците за спроведување на законот во САД уапсија петмина осомничени кои можеле да го снабдат Пери со дрога. Тоа биле: асистентот на актерот, двајца лекари, неговиот пријател и една девојка која ја нарекуваат „кралица на кетаминот“.

Истрагата за соучесници кои го снабдувале со недозволени супстанции актерот, се уште е во тек, а се претпоставува дека се вмешани повеќе луѓе и повеќе лекари.

Меган Маркл е подготвена да го шутне „очајниот“ принц Хари, дали е ова крајот на бајката?

Слични објави

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova
Се вчитува....