00:58 - 2 април, 2026

Поради друга жена се раздели со сопругата, а внуката не ја видел уште: Исповед на шеф Марк

Шеф Марк призна дека поради друга жена се разделил од сопругата и откри дека сѐ уште ја нема видено својата внука.

Во подкастот на Давид Давидовски, познатиот готвач Марк Де Јонг се отвори за животот во Белгија, за децата и за поранешната сопруга која е Белгијанка.

-Јас бев многу млад кога се запознавме, имав 13 години. Дете добив на 23 години. Чекав десет години, ама не за сѐ- рече Марк и додаде дека првото сексуално изкуство му било на 13 и пол години. Потоа откри дека со Белгијанката не бил никогаш законски венчан.

-Имавме идеи, на крај не се направи тоа заради родителите, поради такви работи, друго беше, друг менталитет. Таа е Белгијанка. Да ти кажам право, голем дел од животот поминав на работа. Ми пораснаа децата, ама голем дел од животот, растеа без мене. Сега се веќе свои луѓе, сум им обезбедил сѐ што посакале, ама тоа ќе го носам како товарцел живот, штои не ме гледале доволно.

Син ми кога имаше 15 години почна да работи со мене, го научив. И тој е шеф сега на кујна во телевизија во Белгија, тој е главен шеф таму- рече Марк кој со поранешната партнерка има две деца. На прашањето во какви односи е со неа и со децата, Марк одговори:

-Немам веќе односи со неа, затоа што не беше веќе можно да се разговара, тоа е тоа. Кога не се гледаш долго време, луѓето се раздвојуваат, секој почнува да си го води патот. Работиш 12-13 часа и кога си млад не сакаш многу да се враќаш дома, пријатели, ајде уште една, уште една- рече готвачот.

Потоа Марк призна дека имал љубовница и на прашањето дали се разделиле поради трета личност тој рече: „Да. Како човек, кога немаш дома, си го бараш на друго место“. Потоа рече дека неодамана станал дедо.

-Јас сум сега и дедо, имам внука од ќерка ми. Внука ми не сум ја видел уште, за жал немав уште прилика, таа има една и пол година. Ќе биде- додаде Марк Де Јонг.  Тој е сега во среќен брак со Василка и живеат во Скопје.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....