12:12 - 13 ноември, 2026

Ѓорѓе Давид навреди натпреварувачка во „Ѕвездите на Гранд“: „Имаш 34 години, три деца и допрва сакаш да станеш пејачка?“

Во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ не е редок случај натпреварувачите да влезат во вербален судир со членовите на жирито, но еден од поинтересните моменти се случи кога рокерот Ѓорѓе Давид влезе во конфликт со натпреварувачката Ана Влајиќ – и тоа на сцена, пред целото студио.

Ана тогаш се претстави со песните „Поново“ од Наташа Беквалац и „Иде ми“ од Даниела Мартиновиќ, а нејзиниот настап предизвика поделени реакции кај жирито. Додека дел од нив размислуваа дали да го притиснат паник-тапчето, други сакаа да ја слушнат до крај.

На крајот, Ана доби пет паник-тастери и едно потенцијално „да“ токму од Ѓорѓе Давид. Сепак, атмосферата нагло се промени кога тој дозна дека таа има 34 години и е мајка на три деца. Рокерот тогаш ѝ порача дека за неа е предоцна да започне сериозна пејачка кариера и дека нема што да бара на големата сцена.

„Важно е колку години имаш. 34? Со што се занимаваш во животот? Мажена си, имаш деца? Зошто со 34 години и три деца доаѓаш да станеш пејачка? Твоите шанси веќе поминале“, ѝ рече Давид.

Но, Ана не остана должна. Со смирен, но остар одговор, таа го потсети рокерот дека и самиот добил нова шанса во подоцнежни години.

„Вие со 53 години добивте шанса, и тоа вторпат кога дојдовте во ‘Ѕвездите на Гранд’. Зошто тогаш јас да не можам да добијам втора шанса?“, возврати Ана, по што следеше громогласен аплауз од публиката и жирито.

По нејзиниот одговор, Марја Шерифовиќ кратко коментираше дека „по ова веќе нема што да се каже“, додека Ѓорѓе Давид призна дека Ана го „нокаутирала“ со својот став, нарекувајќи ја сериозна и опасна играчка, по што ѝ посака добредојде во својот тим.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....