6.8 C
Скопје
04:23 - 31 март, 2026

Попоски предупредува на можни поплави, обилни дождови, силен ветер, еве кога!

-Територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на низок воздушен притисок и на серија на влажни воздушни бранови од запад. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и тоа на повеќе места, а ќе дува и умерен до засилен, повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено со брзина од над 65 км/час).
Локално ќе биде и нестабилно со ИНТЕНЗИВЕН пороен дожд (над 50 л/м2 воден талог кој може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА), СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на грмежи.
Од понеделник ќе биде постудено па така на повисоките планини со надморска височина од над 1500 метри врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од СНЕГ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и тоа поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење. Пониски температури како што веќе кажавме ќе имаме од понеделник и истите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопскиот регион исто така ќе дува засилен ветер од југоисточен правец и ќе има повремени врнежи од дожд и истите во следните денови повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 18 степени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи кој се очекуваат во следните денови, можно е зголемување на нивоата на реките и езерата низ Македонија, исто така како што и претходно кажавме можни се и локални ПОПЛАВУВАЊА, па затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....