07:18 - 3 април, 2026

Попоски предупредува на интензивирање на нестабилноста и поинтензивни атмосферски процеси, еве до кога

– Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, и на влажна и нестабилна воздушна маса, се до самиот крај на овој месец, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ТОПЛО со сончеви периоди.

Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност и истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради зголемената енергија во Атмосферата локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.

Повремено и локално до самиот крај на овој месец се очекуваат и ИНТЕНЗИВНИ врнежи (локално над 60 л/м2 воден талог). Можни се и локални ПОПЛАВУВАЊА.

Апелираме граѓаните и тоа во случај на појава на НЕВРЕМЕ да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во Скопје и околината исто така до самиот крај на овој месец ќе има почеста појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можно е и НЕВРЕМЕ во делови од котлината.

Сепак ќе бидеме под влијание на топла воздушна маса од југ, па така и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, и тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината. Во Скопје и околината температурата во следните денови ќе се искачува до околу, или малку над 25 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....