7.8 C
Скопје
01:25 - 31 март, 2026

Попоски најавува поројни дождови, еве до кога

– Под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, денес како и во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, локално и со умерен интензитет.

Денес и утре локално врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од југоисточен, а во следните денови од северен и од североисточен правец.

Температурите и понатаму ќе бидат РЕЛАТИВНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во следниот период влажен снег ќе врне само на високите планински места.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од југоисточен, а во следните денови претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, вели метеопрогнозерот Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....