6.6 C
Скопје
03:59 - 1 април, 2026

Попоски најавува натпросечно топло време, но и пороен дожд, грмежи и ветер, еве кога!

– Натпросечно топлото време во Македонија продолжува и во следните денови, но утрата и понатаму ќе бидат посвежи со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, а во Малешевија тие повремено ќе се спуштаат и под 10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.

Од четврток пак локално ќе има повеќе облачност, а во петок и за време на викендот во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Во Скопје и околината од четврток повремено облачноста ќе се зголемува, а во петок и за време на викендот во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 12 и 16 степени, а максималната дневна температура на воздухот и понатаму ќе биде натпросечно висока и ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени.

Вистинското септемвриско лето преку ден продолжува и понатаму во Македонија, но и во регионот – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....