8.8 C
Скопје
11:34 - 1 април, 2026

Попоски најавува лапавица, температури и до минус 10, еве кога

– Под влијание на СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од север, во следните денови ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Само денес ќе биде претежно облачно со повремени локални послаби врнежи од дожд и снег на пониските и само снег на повисоките места и на планините. Во некои од пониските предели (градови) и понатаму ќе има услови за појава на мокар снег (лапавица).

Денес попладне и навечер, како и утре и тоа особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, особено за време на викендот како и во првите денови од следната недела. Истите тогаш ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени а на високите планинските места температурите ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени, што значи студено ќе биде и преку ден.

Во Скопскиот регион исто така има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Денес попладне и навечер како и утре ќе дува северен ветер и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 1 степен, додека максималната ќе се искачува до околу 5 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....